
Непалската полиција соопшти дека бројот на жртви во поплавите што ја погодија земјата се искачи на 469.
Екипите за пребарување и спасување продолжуваат со операциите во погодените подрачја од поплавите, додека повеќе од 1.300 лица се уште се водат како исчезнати, објави Гардијан.
Меѓу исчезнатите се стотици туристи од Индија, САД, Велика Британија, Австралија и Канада.
Извор: МИА

Македонски


