Skip to main content

Уапсен возач од Холандија, возел со 177 километри на час

На 27 август 2026 година во 05:00 часот, на Граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од 32-годишниот А.А. од Холандија.

При проверката, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На автопатот А-1, во близина на Демир Капија, тој управувал со возилото со брзина од 177 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани вести