Skip to main content

„TIME“ на Николче Мицевски прогласена за најдобра World Music композиција

Македонскиот музичар и композитор Николче Мицевски освои значајно меѓународно признание, откако неговата композиција „TIME“ беше прогласена за најдобра во категоријата World Music на InterContinental Music Awards.

Мицевски ја сподели радосната вест преку социјалните мрежи, изразувајќи голема благодарност за добиеното признание и за поддршката што ја добива неговата музика.

„Почестен сум и неизмерно среќен што ја добив наградата за најдобра World Music композиција на Интерконтиненталните музички награди, за мојата „TIME““, порача музичарот.

Тој упати благодарност до организаторите на натпреварот, но и до сите оние кои ја следат и поддржуваат неговата работа.

Според Мицевски, наградата претставува дополнителен мотив да продолжи со создавање музика која ги поврзува различните култури и музички традиции.

Особено значајно за него е што преку признанието композицијата „TIME“ ќе добие можност да стигне до поширока меѓународна публика.

„Оваа награда за мене значи многу, а ќе ја имам и можноста мојата музика да се слуша пошироко во светот со поддршката од организацијата на овој голем светски натпревар. Одиме понатаму!“, порача тој.

Меѓународното признание претставува уште еден успех за македонската музичка сцена и потврда дека домашните автори можат да привлечат внимание и на големи светски музички натпревари.

Поврзани вести