
На 12. Меѓународен театарски фестивал во Коломбо, Шри Ланка, нашиот драматург проф. д-р Сашо Димоски претседава со жирито како прв странец во историјата на фестивалот. Ова е меѓународно признание за неговиот придонес кон современиот театар, драмското творештво, театарското образование и меѓународната културна размена.
Неговото присуство на фестивалот претставува значајна потврда за вредноста и меѓународната препознатливост на македонската култура и современото македонско драмско творештво.

Македонски


