
Фудбалерите на Црвена Звезда ја победија Викторија Плзен со резултат од 3:0 во првиот натпревар од плејофот за Лигата на Европа.
Двоен стрелец за Звезда беше Мирко Иваниќ во 36-тата и 52-тата минута.
Конечниот резултат го постигна Катаи во 88-мата минута од пенал.
Шпанскиот стручњак Алберт Ријера дебитираше со убедлива победа на клупата на црвено-белите.
Реванш натпреварот ќе се игра следниот четврток во Чешка. Победникот ќе се пласира во групната фаза од Лигата на Европа.

Македонски


