Skip to main content

САД планираат да му продадат авиони-цистерни на Катар за над 4,5 милијарди долари

Стејт департментот соопшти дека САД го одобриле планот за продажба на Катар на авиони за полнење гориво во воздух во вредност од над 4,5 милијарди долари.

Катар побарал до четири авиони КЦ-46А опремени со сензори за противракетна одбрана. Американскиот Конгрес, кој мора да даде конечно одобрение, е известен за договорот.

Според Вашингтон, целта на продажбата е „да се зајакне безбедноста на стратешкиот регионален партнер“ и да се подобри способноста на Катар да се справи со сегашните и идните закани, како и неговата оперативна компатибилност со силите на САД и нивните сојузници.

Катар е меѓу посредниците во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон, кои се во мирување, како и во конфликтот меѓу Израел и „Хамас“ во Појасот Газа.

Во Катар е воздухопловната база „Ал Удеид“, најголемата американска база во регионот. Таа беше нападната од Иран како одговор на израелско-американското бомбардирање врз Иран.

Неодамна Катар му подари на американскиот претседател Доналд Трамп нов авион.

Поврзани вести