
Во новиот документарец „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“, најодликуваниот тенисер во историјата зборуваше за голем број интересни теми.
Освојувачот на 24 трофеи од Гренд слем, на 39-годишна возраст, со сите можни рекорди и олимписко злато, ја отвори душата за тема за која се шпекулира со години – кога конечно ќе му каже доволно на тенисот.
Српскиот ас призна дека самиот нема поим кога ќе заврши неговата кариера и дека би можел да остане на теренот дури и во петтата деценија. Иако прашањето за пензионирање стана неизбежно секој пат кога ќе излезе на теренот, Ѓоковиќ јасно изјавува дека нема ограничувања сè додека ги победува помладите ривали.
Навистина сè уште се чувствувам млад. Не знам кога ќе ја завршам кариерата. Можеби ќе биде за една година, можеби за 15 години, не знам. Сè додека имам мотивација, страст и сè додека чувствувам дека можам да освојувам турнири и да бидам меѓу најдобрите во светот, сакам да продолжам да играм“, рече олимпискиот шампион.

Македонски


