Skip to main content

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума денеска ќе биде прикажан на 32. Сараевски филмски фестивал

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума денеска ќе биде прикажан во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“.
Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „Синелинк индастри дејс“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, ги освои наградите „Филм центре Сербиа инеЛинк авард“ и „Фимејл војсес Синелинк авард“. Четири години подоцна, филмот се враќа во Сараево како завршено остварување и како еден од само деветте наслови во главната натпреварувачка програма за игран филм.

Филмот ја следи приказната на сестрите Адела и Зара, кои растат во средина во која економската неизвесност, семејните околности и општествените правила сè повеќе ги ограничуваат нивните избори. Нивната блискост е ставена на тест кога традиционалните очекувања се закануваат да ги разделат. Преку нивната лична приказна, филмот отвора теми за женското растење, слободата, солидарноста и правото на сопствен избор. Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимет Абдула. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмот е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Продуценти на филмот се Лабина Митевска, Себастијан Делоа, Даниел Хочевар и Вања Сремац.

Поврзани вести