Ликовната колонија “Марко Цепенков -Дрен 2026″ што ја реализира НУЦК”Марко Цепенков” е во полн ек.
Прилеп создава, поддржува и остава траги. Уметноста е дел од просторот, од нашиот идентитет и нашето културно наследство -вели Марјан Стојаноски, координатор на колонијата.
Творат уметниците Озбек Ајваз, Никола Пијанманов, Емил Солески, Дамјан Ѓуров, Слободан Милошески, Славчо Павлески и Марјан Стојаноски, кои создаваат монументални скулптури за трајни уметнички интервенции!
НУЦК „Марко Цепенков“ колонијата ја реализира со поддршка на Општина Прилеп и Министерство за култура и туризам.

Македонски


