Skip to main content

Новата филмска сезона во Кино Манаки почнува денеска со проекција на детскиот филм „Клинци каубојци“

Новата филмска сезона во киното „Манаки“ во Битола почнува вечерва во 18.30 часот со проекција на детскиот филм „Клинци каубои“. Две сирачиња од Ирска тргнуваат на возбудливо патување со воз до Њујорк за да го сретнат својот вујко и да го побараат неговото наследство. Додека се спријателат со гувернантата која се грижи за друга група деца, тие се соочуваат со ненадеен напад од бандити.

Филмот е синхронизиран на македонски јазик, влезница чини 150 денари, а може да се купи на билетарницата, еден час пред проекцијата. Следните проекции се закажани за утре и задутре во истиот термин.

Поврзани вести