
Вчера во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти МВР.

Македонски


