Skip to main content

Татко со нож се обидел да го нападне синот, соседот го спречил

На 12 август 2026 година во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода О.Н. (61) од Пробиштип.

Според пријавеното, околу 18:30 часот пред семејната куќа во пробиштипско село, тој се обидел со остар предмет да го нападне својот син. Во нападот бил спречен од нивен сосед.

При преземањето на мерките, полициските службеници констатирале дека О.Н. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести