Skip to main content

Идната американска амбасадорка во ОН изјави дека Израел има библиско право на Западен Брег

Кандидатката на Доналд Трамп за американска амбасадорка во ОН, Елисе Стефаник за време на сослушувањето во Сенатот изјави дека Израел има библиско право на целиот Западен Брег.

Сослушувањето на републиканката Стефаник од Њујорк го потврди расколот помеѓу САД и ОН за израелската политика.

Ставот на Стефаник е спротивен на долгогодишниот меѓународен консензус и големиот број резолуции на Советот за безбедност за израелските населби на окупираните територии.

Нејзината изјава уследи откако Трамп ги укина американските санкции за ултрадесничарските доселенички групи и поединци за вмешаност во насилство против Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Поврзани вести