
За одредени самопрогласени политичари костумот стана маска зад која се крие празнина.Зад скапата кравата, беспрекорно испегланата кошула и научените реченици, понекогаш нема ни знаење, ни визија, ни државнички капацитет – има само добро извежбан настап.Токму затоа денес не е најважен костумот – најважно е дали има човек во него!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Еве нема да го посочам „костумот“, но како што народот го препознава „талогот“, така ќе го препознае и името и презимето на овој „костум“.До пред извесно време, „костумот“ со функција секретар за меѓународна соработка не знаеше што значи кратенката НАТО, ама денес ја добил улогата да држи лекции за Евроинтеграции. Не знам дали е свесен дека Евроинтеграциите се едно од најсериозните државни прашања и затоа секое тврдење за „тајни договори“, „скриени преговори“ или „веќе донесени одлуки“ мора да биде поткрепено со проверливи факти.

Во спротивно, „костумот“ свесно ја насочува политичката дебата во крива насока и таа станува натпревар помеѓу оној што произведува сомнеж и оној што нуди решенија.
Кој ќе победи во овој натпревар е толку јасно, што не мора да биде напишано.Во демократските општества нормално е да постојат дипломатски разговори.Но дипломатски разговор не е исто што и таен договор, исто како што шпекулацијата не е доказ!Кога тие две работи намерно се изедначуваат, најголемата штета не ја трпи власта или опозицијата – ја трпат граѓаните кои остануваат заробени во канџите на недовербата и политичките спектакли.
Но и покрај тоа, овие „костуми без луѓе“ за кои историјата сведочи дека не се научени да работат, а уште помалку да работат за државата и за народот, продолжуваат да егзистираат по старата матрица:

Македонски


