
Кој на другиот кривична му копа самиот во неа паѓа. Вака би можело да се опише банкарско-политичката сапуница околу Алта банка, и кривичните пријави што си ги поднесуваат власта и опозицијата. Добредојдовте во пет, банкарски минути.
Значи на овие од СДСМ ништо не им оди . Ни од една криза во Македонија не успеаја да профитираат. Рејтингот тапа, бетон, не мрда, неподвижен ко споменик. ВМР0-СДСМ 3-1. Во фудбалски речник ова се вика погледнете семафор, а во економски-стечај. Откако ги добија сите избори во регионот и пошироко им остана уште Алта Банка. Секој ден имаа по две три соопштенија во кои сушеа лажеа и на крај бомбата им пукна во сопствениот двор Тик так тик так.
Тоа е, кога имаш економски експерти во своитe редови од типот на Андреј Жерновски, Фрчко мали и Богданка Кузеска, анкетите за СДСМ ќе бидат на ниво на статистичка грешка. И тоа им е многу. Откако Народната банка им поднесе кривичн пријави на Филипче, Жерновски и тој некој си Димитријевиќ, за ширење на паника кај народот, и СДСМ да не се покусо поднесоа кривична пријава за гувернерот Славески. Види им го паметот. И тоа откако премиерот Мицкоски објави документ во времето кога Таче беше премиер а Фатмир Бесими министер за финансии кои на седница донеле одлука државата да ти отуѓи акциите во Стопанска банка Битола што било прв чекор за влезот на Алта банка во Македонија.И сега шу правиме?
Што не не кажаа СДСМ овие денови. Те граѓаните ќе останат без своите пари, пензионерите без пензиите, фирмите без плата..глупости. Алта банка нема да отиде во стечај како мајката во Србија. Тоа се две различни ситуации. И во Србија банката никогаш немаше да пропадне ако не паднеше Вучиќ од власт. Македонската Алта ќе се продаде и ќе продолжи да функционира со други газди. Има разлика-нели. Лесно е да се истураат пердуви на прес конференции, проблемот за СДСМ ќе биде кога тоа ќе треба да го докажуваат на суд или пред обвинител. Или тогаш ќе се жалат на недостик на демократија и на обид на замолчување.
Најмногу за докажување се чини ќе има Андреј Жерновски. Се сеќавате на овој прелетачевич кој смени неколку партии од што не му се работи. И на крајот го прибраа во СДСМ. Неговите сопартијци открија дека додека беше градоначалник на Центар ги заглавувале лифтовите во зградите за да не можат постарите граѓани да слезат по скали на гласање. Андреј глумеше и диломат во Романија некоја година, само што таму никој не го испрати. Работава била амбасадор да будем.
Ама па Жерновски е експерт и ова ќе го објасни таму каде што треба. Или нека си ги смени свиркачите из Београда.
Гарант и истиве ПР експерти од Белград на СДСМ им ја увалија и лагата дека името Алта Банка доаѓа од Александар и Тамара Вучиќ. Алта е основана во 2008 година а Вучиќ со Тамара стапува во брак 2013 година. Или па може оној Давор Мацура им бил стројник па пет години пред да се земат знаел дека ќе бидат во брак па банката ја крстил по нив. Што ти е визионер, треба само да ти текне.
Во Бугарија се забрани производството и дистрибуцијата на домашна ракија. И треба. Ако се погоди лоша берба предивикува несакани ефекти. На пример промена на она што си го рекол пред само ден ден. Еве и Ива Михајлова за само 24 часа ја смеми изјавата дека бугарската тајна служба ДАНС, која е пандан на некогашната УДБА и наредувала во која емисија да гостува. Ивче благодарам за навредите кон мене на социјалните мрежи, тоа значи дека ја говорам вистината.. Не само во виното, и во ракијата е вистината, Наздравје.
На Балканот само со ракија може да се голтне реалноста и вистина. Затоа не претерувајте, ни и со алкохолот ни со лагите. Отрезнувањето може да биде болно. Ова беа пеете минути со Чавез. Чувајте си ги и парите и здравиот разум

Македонски




