Skip to main content

Светските диџеи Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд на 16 август во Струмица по повод 35 години независност

Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје!

Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, овозможувајќи им на посетителите од цела Македонија да бидат дел од една незаборавна вечер со двајца вистински великани на светската електронска музичка сцена.

Paul van Dyk е еден од најуспешните и најпочитувани диџеи и продуценти на сите времиња, пионер на транс жанрот, добитник на бројни меѓународни признанија и артист кој повеќе од три децении е меѓу најзначајните имиња што ја обликуваа и сеʼ уште ја обликуваат светската електронска музичка сцена.

Paul Oakenfold, пак, е еден од пионерите на транс музиката заслужен за нејзината глобална популаризација, благодарение на неговите соработки со имиња како Madonna, U2, The Rolling Stones, Michael Jackson, The Cure и многу други!