Skip to main content

Нејмар: Завршив со репрезентацијата, испишав историја

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар потврди дека поразот во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка бил неговиот последен натпревар во репрезентативниот дрес.


„Завршив со репрезентацијата. Испишав историја, бев многу среќен, ја дадов мојата крв и мојот живот за жолтиот дрес, но сега не сакам повеќе да го правам тоа“, им изјави Нејмар на бразилските новинари откако неговиот клуб Сантос во вторникот вечер го победи венецуелски УЦВ со 4-2 во Копа Судамерикана.


Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација одигра само два натпревари на неодамнешното Светско првенство, поминувајќи вкупно 37 минути на теренот. Постигна гол од пенал во поразот во осминафиналето против Норвешка и по тој натпревар јасно стави до знаење дека става крај на репрезентативната кариера.


Триесетичетиригодишниот Нејмар навести дека сè уште има намера да игра за Сантос со кој има договор до крајот на годината.

Поврзани вести