Skip to main content

Симнат од дневен ред на Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“: Ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа, вели Никола Мицевски

Предлог законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничката група на партијата, Никола Мицевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој беше прашан за коментар за симнувањето од дневен ред на Законот за прогласување на Скопје – Европска престолнина за 2028 година.

-Согласно она што како пратеници и она што е очекување на сите граѓани, а тоа е Скопје да биде Европска престолнина за 2028 година, се направи одредено законско решение коешто денес беше поднесено од страна на пратеници. Истото беше најавено, на денешната седница, беше ставено како точка на дневен ред. По реакции од опозицијата, на вонредна координација којашто се одржа во текот на самата седница, и врз основа на заеднички разговори донесена е одлука, поради дополнителни разгледувања и поради барање на опозицијата како и надминување на одредени работи коишто им се нејасни во самото законско решение, истата да биде повлечена денеска од дневен ред, рече Мицевски.

Тој додаде дека законот постои во собраниска процедура, но, ќе се разгледува после одморите, или кога ќе се создадат услови за тоа.