Skip to main content

Игроорец клекна на колено и на бина ја побара за жена својата долгогодишна љубов на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Фејсбук профил „Илинденски денови“/Диоген Хаџи Коста Милевски

По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, на сцената на 56. издание на „Илинденски денови“, пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, клекна на колено и ја побара за жена својата долгогодишна љубов Наталија Цветкова.

Облечени во македонска народна носија, тие создадоа слика што совршено го спои она што фестивалот го слави веќе 56 години – традицијата, припадноста и човечките вредности што се пренесуваат од генерација на генерација, велат од организацијата на фестивалот.

Поврзани вести