Skip to main content

Експлозија во фабрика за оцет во Грција, загина работник

Грчката полиција уапси тројца осомничени откако работник вчера загина во силна експлозија која одекна во фабрика за оцет во близина на грчкиот град Коринт, објави „Иефимеридa“.

Властите ги уапсиле 47-годишниот сопственик на компанијата, 46-годишниот одговорен за безбедност и 46-годишниот раководител на производството.

Според првичните информации, експлозијата се случила додека 67-годишен работник вршел заварување во близина на инсталација за снабдување со течен нафтен гас.

Работникот загинал во несреќата.

Поврзани вести