
Пет победи на исто толку натпревари забележаа домашните екипи во почетното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
На денешните два дуела домашните екипи забележаа убедливи победи.

Најпрво Силекс го декласира Башкими со 6:0, а предмалку Шкендија Тетово го совлада Скопје со 3:0.
Бранителот на шампионскиот трофеј, екипата на Вардар вчера ја совлада Брегалница од Штип со 2:0, додека Струга со 3:0 ја порази Шкендија Арачиново.
Во петокот Тиквеш – Арсими 5:1.


Македонски


