Skip to main content

61-годишен Кичевец возел мопед без дозвола, паднал на коловозот и тешко се повредил

На 24.07.2026 во 09:10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“ во Кичево, 61-годишниот В.В., управувајќи мопед со кичевки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, при што е констатирано дека го управувал мопедот без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести