Skip to main content

Ѓорѓиевски: За брзо време ќе биде откриен причинителот за влевање на непозната материја од Лепенец во Вардад и соодветно ќе биде санкциониран

 Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар.

Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен.

-Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влеваше во Вардар. Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук. 

Тој истакна дека се во комуникација со Министерството за животна средина и министерот и изразуи верување дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран.

-Толеранција нема да има за никого! Веднаш штом добиеме подетални информации од Министерството кое е надлежно за разрешување на состојбите ќе бидете информирани – нагласи Ѓорѓиевски.