
– Екипата на Шкендија Тетово претрпе пораз од 2:1 на првиот дуел од второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига од словенечката екипа Браво. Македонскиот претставник имаше водство, но екипата на Браво дојде до триумф од 2:1.
Шкендија поведе со голот од пенал на Ендрит Красниќи во 11.минута, но само осум минути подоцна Браво изедначи со голот на Рок Копатин. На почетокот на вториот дел повторно се затресе мрежата на Шкендија, а стрелец на победничкиот за Браво беше Јакослав Станковиќ во 56.минута. Шкендија во финишот на дуелот преку Фабрис Тамба имаше шанса за изедначување, но неговиот удар заврши во дирекот.
Реванш натпреварот се игра на 30.јули во Скопје, на Арената „Тодор Проески“.

Македонски


