Skip to main content

Почна реконструкцијата на спортското игралиште во дебарското село Могорче

Општина Дебар

Продолжувајќи со реализацијата на капиталните проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура и условите за живот на граѓаните, Општина Дебар почна со  реконструкција на повеќенаменското спортско игралиште во подрачното училиште во село Могорче, кое функционира во склоп на деветолетката „Ристе Ристевски” село Долно Косоврасти. 

Со овој проект, спортското игралиште ќе добие современ и функционален изглед, овозможувајќи поквалитетни услови за одржување на спортски, рекреативни и училишни активности. Од инвестицијата директна корист ќе имаат учениците, младите и жителите на селото – изјави градоначалникот Фисник Меља, кој присуствуваше на почетокот на работите.

Вложувањето е дел од континуираната политика за развој на образованието, спортот и локалните заедници, со цел секое населено место да добие современа инфраструктура и подобри услови за секојдневниот живот. 
 
Проектот целосно се финансира од буџетот на Општина Дебар, што, според локалната самоуправа, претставува уште една потврда за определбата средствата да се насочуваат кон проекти од јавен интерес и долгорочен развој.

Со реализацијата на оваа инвестиција, се приклучува на низата населени места во кои се реализираат значајни инфраструктурни зафати, додека од локалната власт најавуваат дека инвестицискиот циклус ќе продолжи и во наредниот период со нови проекти во сите делови на општината.

 Могорче е најголемо село во оваа општина, со околу две илјади жители, каде освен подрачното основно училиште, функционираат и истурени паралелки на дебарската гимназија. 

Поврзани вести