Skip to main content

25 години од смртта на бранителот на Лешок и манастирот: Ѓоко Лазаревски се бореше до последниот куршум

Facebook Македонска Одбрана

Препуштен сам на себе во најтешките моменти, Ѓоко Лазаревски ја презема командата за организација на одбраната на селото Лешок и околината однападите на теристите на ОНА. Тој и неговите другари даваат отпор со цел да обезбедат сигурен премин на соселаните во соседното Жилче.

Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи терористите на ОНА, и останува последен. По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе не можат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. На 23 јули 2001 година, во 16 часот попладнето, на полицискиот пункт кај Лешок рафал го покоси Ѓоко Лазаревски. По укажаната прва помош во Тетовскиот медицински центар, тој беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Почина наредниот ден. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок терористите на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир. Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка. Последните зборови на Лазаревски „Не ве остава Ѓоко вас”, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.

Ѓоко зад себе остави сопруга со едно дете, што никогаш не го дочека. Посмртно е одликуван со медал за храброст.

Преземено од Фејсбук станица Македонска Одбрана.

Поврзани вести