Skip to main content

Расте цената на гасот

Цените на гасот во Европа денеска го достигнаа највисокото ниво за 3,5 години, во екот на летната сезона на полнење на складиштата во ЕУ за претстојната зимска сезона на греење и ескалацијата на конфликтот на Блиски Исток.

На берзата во Холандија (ТТФ) мегават-час гас за испорака во август кратко време се тргуваше за 63,94 евра, што е за 2,2 отсто повеќе од вчера. Околу пладне цената се стабилизира на 62,09 евра што е највисоко ниво од јануари 2023 година.

Агенцијата на ЕУ за соработка на регулаторите за енергија (АЦЕР) претходно соопшти дека темпото на полнење на складиштата за гас во ЕУ годинава е под десетгодишниот европски просек.

ЕУ околу една третина од потребите за природен гас ги набавува од Норвешка. Снабдувањето со природен гас од Катар е блокирано поради војната меѓу САД и Иран и блокадата на Ормуска Теснина. Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку гасоводите и планира да ги запре испораките на течен природен гас.(МИА)

Поврзани вести