Skip to main content
JlZZMXIDhME

Ни на Ајнштајн не би му текнало водата за пиење да се помеша со фекалии

На Гостивар му се случи еколошка катастрофа. Гостиварчани наместо вода пиеја фекалии. Ни на Ајнштајн не би му текнало притисокот на водата за пиење да се помеша со фекалии. Следниот пат нека пробаат со цијанид, се збори дека цијанидот правел уште поголем притисок во цевките за вода.

За оваа епидемија има виновници со име и презиме, а тоа е ракводството на гостиварскиот Комуналец и градоначалникот Ваљон Лимани под чие владение е ова градско претпријатие.Дека веќе нема кабелот да биде виновен покажаа и првите апсења на директорката на гостиварскиот Комуналец Аратана Асани и раководителот на одделот за водовод и техничкиот директор, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Можам да го замислам договорот кој довел до оваа катастрофа во Гостивар. Се собрала оваа тројка и си викаат: Абе нема притисок на водата. Тогаш еден од нив извикува. Абе знам еден што става пумпи за вода, директ од Вардар, да го викнам, многу добар човек е. Викни го бе, нема зијан од диви пумпи.

Е таа Асани уште првиот ден кога гостиварчани почнаа да се жалат на болки во стомакот и повраќање рече дека тоа не им е од водата туку од храната. Се прејале од нешто. А водата кафена. Па што течело од чешмите-топло чоколадо?

МИА

Или тој градоначалникот Лимани. Прво знаете од каде доаѓа. Од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Беше и во Алијана кај Таравари па си замина откако нешто се испокараа. Е тој Лимани вели дека не чувстува морална одговорност за епидемијата на своите сограѓани. Помалку важно е дали чувствува морална одговорност, за тоа не се оди во затвор, но за онаа другата одгововорност, кривичната допрва ќе видиме. Освен ако и тој не ја праша пумпата за вода колку затвор доби кабелот од Модуларната во Тетово.

А вие гостиварчани, без разлика дали сте Албанци, Македонци или Турци, кога ќе одите да полните вода од цистерни, или пак кога ќе ја превривате за да се искапете, размислете кому го давате гласот на следните локални избори. Со Европскиот фронт останавте жедни.

Во целава оваа ситуација околу Гостивар најсмешни се оние од СДСМ. Зборуваат за одговорност. Ејјј Филипче зборува за одговорност кон граѓаните. Ова во политиката се вика црн лебед. Кога партија користи трагедија или несреќа за политички поени. На Бихаќа мислат дека короната ни го исушила мозокот па не паметиме дека кога Венко беше министер за здравство немавме ќора вакцина и да не беше Србија и Вучиќ ќе умревме како кучиња на улица.

Или пак кога се обидоа да увезат сумљиви вакцини преку , преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја . А за проба нели пари не земаат. Се сеќаваме и кога живи луѓе му изгореа во модуларната во Тетово а тој понуди оставка а Заев као не му ја прифати. Така да Венко , седи си, кога не збориш ништо барем не ги губиш и оние малку гласови што ги имаш.

За она што се случува во Гостивар лабави се само во ДУИ. Што има врска што градоначлникот е од нивната коалиција, европската де. Во ДУИ нису из Гостивара. Еве на пример Бујар Османи си има друга мака.Тој се секира што на билбордот во Скопје немало албански мотиви и јазик. Ко да му е малку што Букефал и на македонски јазик имаше шест нозе. Како Бујар не се секираше кога потпишуваше да ствиме Бугари во Устав или дека Македонски јазик се зборува само во Македонија а не и во Грција и во Бугарија и оти таму нема македонски дијалекти. На Бујар од Чаир до билбордот му дојде.

Поврзани вести