Skip to main content

Нејмар наместо фудбал играше покер

 Фудбалерот на Сантос и бразилски репрезентативец, Нејмар, не отпатува со тимот во Каракас за гостувањето во натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против венецуелскиот тим УСВ (4:1).

Сантос објави дека 34-годишниот напаѓач треба да ја врати физичката кондиција.

Сепак, на денот на натпреварот, напаѓачот играше на покер турнир во Сао Паоло.

Реванш натпреварот помеѓу Сантос и УСВ ќе се одржи на 29 јули.

Сезонава, Нејмар постигна шест гола и имаше четири асистенции во 15 натпревари за Сантос.

Поврзани вести