
Поранешната пратеничка од СДСМ, Жаклина Лазаревска ги повика членовите и симпатизерите на СДСМ да извлечат поука од начинот на кој членовите на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржувале својата партија во периодите кога таа бележела изборни порази.
По катастрофалниот пораз на локалните избори, Мицкоски во ноември 2017 години беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ иако до тогаш беше генерален секретар на партијата, директно втор човек во партијата која изгуби, но членовите не го опструираа и ставаа под прашалник неговиот избор, потсетува Лазаревска.
Во 2019 под негово раководство ДПМНЕ ги изгуби претседателските, но и предвремените локални во Охрид и Ново Село. Во 2020 ги изгубија и парламентарните избори. Се сеќавате тогаш колкав низок им беше рејтингот и на партијата и на претседателот? Дали некој од членството го опструираше и му поставуваше сопки на Мицковски? Со заедништво и сплотеност го надминаа тој период и почнаа да се враќаат во форма за да во 2021 на локалните и 2024 на претседателските и парламентарните избори убедливо победат, пишува таа на „Фејсбук“.
Според неа, наравоучението од ова е дека членовите и симпатизерите на СДСМ мора да го преиспитаат своето однесување и начинот на искажување на лојалност кон партијата.
Личните фрустрации и амбиции да си ги зачуваме дома затоа што партија не се гради и организира за поединци и нивни желби туку за општо добро на сите. А трпението и заедништво се спасение, вели Лазаревска.

Македонски


