Skip to main content

Немам доволно сила во себе: Полгар не прифаќа да биде претседателски кандидат за Унгарија

Унгарската шахистка Јудит Полгар денеска изјави дека нема да прифати да биде претседателски кандидат.

Таа на Фејсбук се заблагодари на довербата, но истакна дека ја одбива номинацијата.

Не чувствувам дека имам доволно сила во себе да ја преземам историската одговорност за обединување на поделена нација, поради што не сум во можност да го прифатам овој предлог, посочи Полгар.

Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар во неделата изјави дека ќе предложи Полгар да ја извршува функцијата претседателка до усвојување на новиот Устав.

Поранешниот унгарски претседател Тамаш Шуљок пред три дена потпиша уставен амандман усвоен од парламентот, со кој му завршува мандатот. Сега парламентот ќе избере нов претседател, кој ќе биде на функција до стапувањето во сила на новиот устав, или максимум пет години.

Полгар e најголема шахистка на сите времиња. Таа е единствената жена што била меѓу десетте најдобро рангирани шахистки во светот и единствената што го надминала рејтингот од 2.700 поени, праг што често се смета за статус „супер велемајстор“.(МИА)