Skip to main content

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема

Директорот на Цариснката управа, Бобан Николовски денеска преку социјалните мрежи соопшти дека само годинава, откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема.

Ова покажува дека улогата на Царината не е само собирање приходи, туку и директна заштита на здравјето и безбедноста на македонските граѓани – напиша тој.

Николовски посочува дека запленетите лекови не се само спречен шверц, туку и заштита на здравјето на граѓаните.

Поврзани вести