
Публиката на стадионот „Метлајф“ во американската сојузна држава Њу Џерси, но и ширум целиот свет имаше можност да ужива во настапот на светските музички ѕвезди Шакира и Џастин Бибер, кои беа дел од шоуто на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал.
Shakira & Burna Boy's full performance at the World Cup Halftime pic.twitter.com/lsLoPrNzeL
— culture (@notgwendalupe) July 19, 2026
Колумбиската ѕвезда, која зад себе има бројни големи меѓународни настапи, уште еднаш покажа зошто ја сметаат за една од најпопуларните латино-уметнички денес. Ја изведе својата нова песна „Дај дај“ – официјалната песна на Светското првенство, што ја сними во соработка со нигерискиот музичар Бурна Бој. Шакира на тој начин ја продолжи својата посебна врска со светските фудбалски првенства, откако претходно го одбележа првенството со хитот „Вака вака (За Африка)“ од Светското првенство во 2010 година.

Македонски


