Skip to main content

Камерен концерт во Музеј на град Скопје

Вечерва (20.07.2026г. – понеделник) со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи камерен концерт „Дуо виолина и виолончело со премиерни изведби на две дела и ретко изведуваната Соната од М. Равел“ на Марко Поп Ристов – виолина (Македонија) и Исак Харачиќ – виолончело (Босна и Херцеговина).

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ носат програма која ги поврзува современите музички изрази со камерната музичка традиција. Покрај делото „In the Web“ од Беата Содерберг, публиката ќе има можност да слушне и нова композиција од македонската композиторка Дарија Андовска, напишана за виолина и виолончело. Програмата ја заокружува Сонатата за виолина и виолончело од Морис Равел – дело што претставува едно од најзначајните остварувања во камерната музика на XX век. Концертот создава простор за средба меѓу современиот музички јазик и класичното наследство.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Поврзани вести