Skip to main content

ЦУК: До 13 часот се регистрирани пет пожари, активни се три

МВР

Центар за управување со кризи(ЦУК) информира дека денеска, на 18 јули до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, а изгаснати се 2 пожари.

Активни се пожарите во село Желино (ниска вегетација); кај патарината кон Гостивар (ниска вегетација) и м.в. Думачка Маала (ниска вегетација и багреми).

Изгаснати се пожарите во Општина Струмица: с. Просениково и Општина Старо Нагоричане: с. Старо Нагоричане.

Поврзани вести