Skip to main content

Шкендија тешко ја победи Европа

 Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра реванш дуелот од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста.

Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута.

Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. 

Победата од 5:0 на првиот дуел беше доволен „капитал“ за Шкендија за пласман во следната рунда, каде противник ќе им биде екипата на Браво од Словенија.

Поврзани вести