
Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск.
Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со 6-5.
„Одигравме исцрпувачки натпревар во кој влеговме некако со страв во првите 20 минути, несвесно се повлековме иако се договоривме да нападнеме од првата минута. Откако примивме гол се разбудивме и иако немавме многу стоотстотни шанси, но Велиновски ја имаше шансата на натпреварот кога излезе сам пред гостинскиот голман. Во европските купови е така, доколку не се искористат тие шанси за гол“., изјави Васоски по натпреварот.
Во пенал серијата, двете екипи ги реализираа првите пет удри од белата точка, по што Тимовски ја погоди рамката на голот, а Калинин го совлада Ѓеков за конечен триумф на Динамо Минск.
„За жал испаднавме на пенали, тоа е лотарија. Нема што да им замерам на момците, одиграа напорни 120 минути, имавме свои моменти, меѓутоа фудбалот е таков за жал и мора да се помириме со тоа“, додаде стратегот на Силекс

Македонски



