Skip to main content

Македонските ракометни младинци ја совладаа Турција на ЕП

Фото: Freepik

Македонската машка младинска ракометна репрезентација оствари убедлива победа над Турција во разигрувањето за пласман на ЕП во Романија.

Нашите младинци имаа предност од 20:11 по првото полувреме, за да на крајот славеа со висок резултат (41:24).

Мики Лазов беше прв стрелец со девет голови во победничките редови, следен од Бобан Поповски со шест.

На спротивната страна најефикасен беше Шахин Кадир Аајилдиз со пет погодоци.

Македонската репрезентација ќе разигрува за пласман од 17 до 20 место на шампионатот.

Следен противник на нашите младинци ќе биде селекцијата на Полска.

Поврзани вести