
Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење.
Состојки:
- 300 грама пилешко филе
- 1 кинеска зелка
- 1 црвен кромид
- 1 црвена пиперка
- 1 краставица
- 5 шери домати
- 1 мал морков
- неколку листови нане
- свеж магдонос
- сол по потреба
- 1 лажица кикирики
За преливот:
- 1 лимета
- 2 лажички балсамико
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 чешне лук
Подготовка:
Сварете го пилешкото во солена вода. Подгответе го зеленчукот за салатата така што на исецканата кинеска зелка ќе ѝ додадете сецкан кромид и тенко исецкана пиперка. Извадете ги семките од краставицата и исецкајте ја, исечете го морковот на тенки стапчиња или изрендајте го, па додадете ги и шери доматите. Додадете ги исечканиот магдонос и нане, па измешајте се.Ставете го подготвениот зеленчук во сад и врз зеленчукот наредете го исецканото пилешко месо. Посипете со потпечени и исецкани кикирики. Подгответе го преливот во тегла. Измешајте ги исцедениот сок од лимета, балсамико, маслиновото масло, шеќерот и многу ситно исецканото лукче. Протресете ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат 10 минути за да се соединат вкусовите. Пред послужување, прелијте ја салатата со преливот и измешајте; оставете да отстои 2–3 минути за зеленчукот малку да омекне.
Совет:
Прелијте ја салатата со преливот непосредно пред јадење; во спротивно, зеленчукот ќе стане премногу мек.

Македонски



