Skip to main content

Зошто Аргентина и Англија не се сакаат: Фокландските острови незавршен мир

Знате ли зошто трае „војната“ меѓу Аргентина и Англија за Фокландските острови? Фолкландските Острови се под британска управа како прекуморска територија, но Аргентина тврди дека има суверенитет над островите, кои ги нарекува Малвински Острови.

Во резолуцијата на Обединетите нации од 1976 година се наведува дека ниту Аргентина ниту Велика Британија не треба да преземаат еднострани дејства во врска со територијата додека траат преговорите за суверенитет.

 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да поведе истрага против репрезентацијата на Аргентина, побара денеска британската Влада, ден откако аргентинските фудбалери истакнаа транспарент со политичка порака за Фолкландските Острови, по победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство.

Аргентина синоќа ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а за време на прославата по натпреварот, Лисандро Мартинез и Џовани Ло Солсо позираа со транспарент што го зедоа од навивачите на кој пишуваше „Las Malvinas son Argentinas“ („Малвините, т.е. Фолкландските Острови се аргентински“).

Според правилата на ФИФА, политички пораки не се дозволени на теренот, што може да доведе до дисциплинска постапка против репрезентацијата на Аргентина.

Британскиот министер за економија, Питер Кајл, оцени дека однесувањето на аргентинските фудбалери било „целосно несоодветно“.

„Политиката мора да се одвои од фудбалот. Тоа е еден од основните принципи на Светското првенство. Сега е на ФИФА да спроведе темелна истрага“, изјави Кајл за Би-Би-Си.

Спортското ривалство меѓу Англија и Аргентина е дополнително заострено од долгогодишниот спор околу суверенитетот над Фолкландските Острови, британска прекуокеанска територија во Јужниот Атлантик со население од околу 3.500 жители.

Аргентина тврди дека островите ѝ биле нелегално одземени во 1833 година, додека Велика Британија наведува дека нејзиното право на територијата датира од 1765 година.

Спорот кулминираше во 1982 година кога Аргентина изврши инвазија, предизвикувајќи 70-дневна војна во која загинаа 649 аргентински и 255 британски војници, како и тројца локални жители.

Аргентина ги нападнала Фолкландските Острови како и други британски територии во Јужниот Атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови). Армијата на воената хунта која од 1976 година владеела во земјата лесно излегла на крај со малубројниот британски гарнизон. Во тој момент на островите имало околу 1.800 луѓе, претежно англиски фармери.

Подоцна Британците го возвратиле ударот, а војната завршила на 14 јуни со британска победа. Загинале 655 аргентински и 255 британски војници.

Островите се во британска сопственост од 1833 година, но уште оттогаш Аргентина ги смета за свои и ги нарекува Малвински Острови.

Архипелагот се наоѓа на околу 500 километри од аргентинскиот брег и се верува дека бил ненаселен пред да го откријат Европејците. По откривањето менувал сопственост од Франција, Шпанија, Британија и Аргентина. Денес живеат 3.662 жители од кои 40% родени таму и останатите британски доселеници.

Поврзани вести