Skip to main content
Oei7cyqLEac

Фудбалот не се врати дома

Актуелниот светски шампион Аргентина синоќа успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија.

Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија Џордан Пикфорд имаше три исклучително важни одбрани.

Сепак завршницата мина во знакот на Аргентина, откако селекторот на Англија Томас Тухел направи измени и се реши да го брани водството. Во 85.минута светскиот првак изедначи со прекрасниот гол на Енцо Фернандез, во втората минута од судиското надополнување резервистот Латуро Мартинез ги постави конечните 2:1.

На тој начин Аргентина избори ново финале и добива шанса да ја одбрани шампионската титула.

Финалето Шпанија – Аргентина се игра на 19. јули (недела), а на 18. јули во сабота е дуелот за третото место меѓу Франција и Англија во Мајами.

Поврзани вести