
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина и додаде дека војната би можела да заврши до крајот на неговиот мандат, кој истекува во ноември 2028 година.
Запрашан за можноста војната да заврши за време на неговиот мандат, Трамп рече дека мисли дека ќе заврши.
Мислам дека ќе заврши, да. Дури и мислев дека војната ќе заврши порано. Мислев дека тоа е најлесното прашање за решавање бидејќи добро се сложувам со двајцата лидери (на Русија и Украина). Навистина мислев дека тоа ќе биде мојата најлесна задача, рече американскиот претседател.
Од март 2023 година до октомври 2024 година, Трамп дури 53 пати рекол дека ќе ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“ или на првиот ден од неговиот мандат во Белата куќа.
Американскиот претседател рече дека бил во постојана комуникација со својот руски колега, изразувајќи увереност дека Путин е подготвен да постигне договор.

Македонски



