
Шумскиот пожар, кој избувна вчера попладне кај селото Бајково, во Општина Ново Село и се закануваше да се прошири и да ја зафати тамошната црква, е ставен под контрола, објави градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.
Пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата „Св.Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти. Со тоа е спречена поголема материјална штета“, велат од ТППЕ Струмица.
Апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни, односно да не палат стрништа, отпад или сува вегетација.
Главно, како што информираат пожарникарите, гореа дрвја, сува трева, ниска вегетација, стрништа, како и земјоделска механизација – машина за балирање слама.
Со огромен труд, пожртвуваност и навремена интервенција, пожарникарите успеаја да спасат повеќе куќи, како и црквата „Св.Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти. Со тоа е спречена поголема материјална штета“, се вели во соопштението од струмичката ТППЕ.
Струмичките пожарникари на Фејсбук апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни, односно да не палат стрништа, отпад или сува вегетација.
Покрај тоа, се посочува веднаш да пријават доколку забележат пожар.
Огнот не простува, но со заедничка одговорност можеме да спречиме катастрофални последици“, велат од ТППЕ.
Оттаму додаваат дека пожарникарите се секогаш подготвени да ги заштитат животите и имотот на граѓаните.
Од Дирекцијата на заштита и спасување (ДЗС) вчера попладнето соопштија дека шумски пожар избил во атарот на селото Бајаково во струмичко Ново Село, на падините на планината Огражден.
Постои зголемена опасност од ширење на пожарот кон црквата ‘Св. Петар и Павле’“, информираа оттаму.
Поради тоа, од ДЗС најави дека во неговото гаснење ќе се вклучат и два „ертрактори“.

Македонски



