Skip to main content

Едниот од уапсените од „Беланоца“ се бараше за убиството на офицерот од АРМ поради неговата ќерка

Eден од двајцата членови на криминалната група Беланоца, кои aкција на македонската полиција и Интерпол вчера беа уапсени во Драч, Албанија, е Џавит Муса, кој беше баран за убиството на офицерот на АРМ во Батинци, пренесува Телма.

Станува збор за убиството што се случи лани на влезот во селото, кога осомничениот ја начекал жртвата во автомобил и испукал повеќе куршуми кон него. Жртвата Агим Мухареми е убиен поради тоа што не дозволувал неговата ќерка да се венча со припадникот на подземјето. 

Како што соопшти МВР вчера, врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на Македонската полиција, Американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија.

Поврзани вести