Skip to main content

Ламин Јамал ќе го пропушти натпреварот на Шпанија против Чешка, но ќе може да игра против Англија

Instagram/lamineyamal

Ламин Јамал ќе го пропушти првиот натпревар на Шпанија од претстојниот „прозор“ за репреентативни натпревари, што „црвената фуриј“ го игра против Чешката Република. Фудбалерот на Барселона поради проблем со коленото нема да биде дел од репрезентацијата на мечот против Чесите.

Според „COPE“, крилниот напаѓач на Барселона почувствувал непријатност во десното колено по натпреварот од Ла Лига против Атлетико Мадрид (2:1). По прегледите, било одлучено дека Јамал ќе остане во клубот за да продолжи со закрепнувањето. 

Напаѓачот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, исто така, нема да биде во составот на Шпанија поради лекување од грип.

Се очекува двајцата играчи да го пропуштат натпреварот од Лигата на нации против Чешка во четврток, но може да се приклучат на репрезентацијата на Шпанија во наредните денови за натпреварот против Англија на 15 ноември.

Поврзани вести