Skip to main content

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

В.Д. директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли последните обвинувања од Демократската унија за интеграција (ДУИ) посочувајќи дека инспекциски надзор во институцијата потврдил доследно почитување на Законот за употреба на јазиците.

Како директор на Институтот за јавно здравје ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за употреба на јазици и беше утврдено дека доследно се почитува Законот за употреба на јазиците во институцијата“, вели Андоновска.

Споед неа, очигледно ДУИ е мотивирана од други причини за ваквите неточни обвинувања.

ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како и до сега“, нема повеќе неодење на работа и земање плата, нема повеќе немилосрдно, расипничко трошење на буџетите без да има резултати“, наведува Андоновска.

Таа додава дека во секоја институција мора да има ред, доследно почитување на законите и одговорноста за сите.

– Во секоја инстутуција, вклучително и Институтот за јавно здравје мора да постои ред, закони кои важат за сите подеднакво и одговорност за криминалите кои ги сториле ДУИ за време на нивниот мандат и кои транспарентно беа споделени со јавноста. Напоменувам, законите во Институтот за јавно здравје ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат за сите подеднакво, им се допаѓало на ДУИ тоа или не – посочува Андоновска. 

Поврзани вести