
Поради реализација на инвестициски зафат за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, в петок, 10 јули 2026 година, во делови од Скопјe ќе има прекини во снабдувањето со струја.
Од Електродистрибуција информираат дека нивните екипи во периодот од 06:05 до 08:05 часот ќе работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа.
Во наведениот период, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците од поголемиот дел од Гази Баба, Природно-математичкиот факултет, Хемискиот институт, Шумарскиот факултет, Ветеринарниот институт, Автокоманда, хотел „Континентал“, Општина Гази Баба, Железара, поголемиот дел од Чаир, Серава, Саук Чешма, Даме Груев, делот од Бутел што се граничи со Железара, Ист Гејт, „Кнауф“ и помал дел од Топаанско Поле.
Снабдувањето со електрична енергија се очекува да биде нормализирано по завршување на најавените активности на терен.

Македонски



