Skip to main content

Малолетник на електричен тротинет се судри со „пежо“, со тешки повреди пренесен во болница

архива

Вчера во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани вести