Skip to main content

Влатко и Златко Миладиноски со оркестарот ќе одржат голем концерт во Античкиот театар „Хераклеја“ во Битола

На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко и Златко Миладиноски, заедно со оркестарот, ќе одржат голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар „Хераклеја“ во Битола.

Публиката ја очекува вечер посветена на македонската песна, исполнета со многу музика, емоции и внимателно подготвена сценска продукција. Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 музичари, кои ќе му дадат посебна сила и раскош на концертот.

Концертната вечер ќе биде збогатена и со настапите на специјалните гости Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски. Покрај нив, на сцената ќе настапат и македонски уметници од Егејска Македонија, чии имиња засега се чуваат во тајност и кои ќе бидат вистинско изненадување за публиката.

„Хераклеја“, како еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија, ќе биде совршена сцена за концертна вечер што ги обединува традицијата, македонскиот мелос и современата музичка продукција.

Интересот кај публиката е голем, а билетите се во завршна фаза на продажба, поради што организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навреме да го обезбедат своето место.

Билетите се достапни преку www.mktickets.mk, како и на физичките продажни места Tobacco Brothers во Битола и Т.А. Бран во Прилеп.

На 29 јули македонската песна ќе одекне во „Хераклеја“, а Битола ќе биде домаќин на вечер исполнета со музика, традиција и незаборавни емоции.

Поврзани вести