Меланија Трамп го следеше својот сопруг Доналд и лансираше своја криптовалута во пресрет на неговата инаугурација во 47. претседател на САД.
Официјалната криптовалута на Меланија е во оптек. Сега можете да купите $Melania, напиша таа на Икс.
Само ден порано, нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја лансираше криптовалутата $Trump. На двете криптовалути веднаш им порасна вредноста, но забележаа нестабилно тргување. На нивните интернет страници е нагласено дека тие не се наменети да бидат средство за инвестирање.
Според сајтот „CoinMarketCap“, вкупната пазарна вредност на $Trump е 12 милијарди долари, а на $Melania околу 1,7 милијарди долари.
Доналд Трамп порано ги сметаше криптовалутите за измама, но за време на последната кампања ги усвои како средство за плаќање и најави дека ќе ги направи САД „светска престолнина на криптовалути“.